Петровска-Задорожњук: С. Македонија е вистински пријател на Украина

од Nikola Popovski
175 прегледи

Украина и храбриот украински народ ја имаат поддршката на Северна Македонија и тоа го докажавме со хуманитарната и воена помош која ја испорачавме согласно потребите на Украина, во координација со НАТО сојузниците, Помагаме во име на мирот, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска, после средбата со украинската амбасадорка во Скопје, Наталија Задорожњук.

Амбасадорката Задорожњук изрази благодарност за солидарноста и конкретната помош и нагласи дека Северна Македонија ѝ е вистински пријател на Украина.

„Исклучително сме ѝ благодарни на г-ѓата министерка за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска за солидарноста и македонската конкретната помош за Украина. Северна Македонија ѝ е вистински пријател на Украина“, велат од украинската амбасада.

Слични содржини