Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека Ердоган и Путин разговарале за повеќе теми, меѓу кои и актуелната ситуација во Сирија и Украина зафатена од војна и воспоставување безбеден коридор за извоз на жито од пристаништата на Црното Море.
Нагласувајќи дека за време на разговорите е посветено големо внимание на важноста од проширување на прекуграничниот механизам во Сирија, во соопштението за медиумите се наведува дека Ердоган рекол дека е време да се преземе акција во однос на планот на Обединетите нации за воспоставување безбедни коридори за извоз на жито од пристаништата во Црното Море.
Повторувајќи дека војната меѓу Украина и Русија треба да заврши со траен и праведен мир, преку преговори, турскиот претседател Ердоган рекол дека Турција е подготвена да го даде секој можен придонес за ревитализација на преговарачкиот процес.