Мирно и без инциденти на протестот пред Собрание

од Nikola Popovski
266 прегледи

Јазикот е свето, Македонија е наша мајка и мораме да ја одбраниме, гласеше дел од обраќањето на еден од учесниците на протестот против францускиот предлог, кои повторно се собраа пред Собранието.

Пред обраќањата беше интонирана државната химна.

Демонстрантите осми ден по ред тргнаа од зградата на Владата, по што од пред Министерството за правда, стигнаа до пред зградата на Собранието.

-Сме се родиле Македонци и нашите поколенија ќе бидат Македонци. Ве замолувам секој ден во 7, затоа што гласот на македонскиот народ е најважен и тој е гласот што ќе победи. Ги повикувам сите граѓани кои што не можат да дојдат во Скопје, да се соберат масовно во секое село и град. До смрт за Македонија, истакна еден од говорниците на импровизирана бина на булеварот пред Собранието.

Протестот поминува мирно и без инциденти, а евидентно е големо полициско присуство низ центарот на Скопје.

Досегашните протести се со поддршка од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Протестите продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

Слични содржини