Државниот советник за европски политики, Драган Тилев појаснува дека Протоколот со Бугарија има своја траекторија со билатерална релација и се потпира на елементите договорени со Договорот за добрососедство.
-Господинот Шолц, но не и само тој, се изјаснија со поддршка. Имавме повеќе изјави од сите наши стратешки и евроатлантски партнери, за кои што сметам дека треба да бидат слушнати, но и да биде слушнат гласот на македонскиот народ. Политичка е одлуката на крајот, но треба да биде избалансиран гласот на народот и гласот на нашите евроатлантски партнери, за да се донесе умна одлука, вели Тилев околу конечната одлука за прифаќање или неприфаќање на францускиот предлог-преговарачка рамка на Македонија со ЕУ.
Според него, процесот на проширување на ЕУ е комплексен и вклучува многу елементи.
-Во однос на нас и другите што ќе преговараат со ЕУ, за нив има поинакви елементи кои што се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација, кои произлегуваат од билатералните релации со одредени земји-членки на ЕУ, изјави Тилев во вестите на Тв Сител.