Кремљ: Средба на Путин, Раиси и Ердоган во Техеран

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Претседателите на Русија, Турција и Иран, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Ебрахим Раиси ќе се сретнат следната недела во Техеран, соопшти денеска Кремљ.

Во екот на конфликтот во Украина, на дневен ред на средбата ќе бидат Сирија и билатерални прашања.

„Патувањето на претседателот (Путин) во Иран на 19 јули се подготвува“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изјави дека средбата за Сирија ќе се одржи со Раиси и Ердоган, како и дека Путин ќе има билатерални разговори со турскиот претседател.