Бугарското МНР со нота до С. Македонија – загрижени се за „антиевропскиот наратив“

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Министерството за надворешни работи на Бугарија испрати нота до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија во врска со „бројните манифестации и слогани насочени против Бугарија“ на јавниот простор на земјава во последните денови, информираат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Во него се изразува длабока загриженост за она што се случува, „што е исто така одговор на распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји“.

„Особено е загрижувачки што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни взаемно прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и Регионот. Веруваме дека ваквите дела ќе се претворат во дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, додаваат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Слични содржини