Манчестер Јунајтед и Барселона постигнале конечен договор за трансферот на Френки де Јонг и ги расчистиле деталите меѓу двете страни, пренесуваат шпанските медиуми, како и италијанскиот трансфер гуру Фабрицио Романо. Евентуалната идна зделка ќе вреди загарантирани 65 милиони евра плус уште 20 во форма на бонуси.
Извршниот директор Ричард Арнолд и спортскиот директор на „Црвените ѓаволи“, Џон Муртог пристигнаа вчера во каталонската престолнина и беа сликани како се состануваат со спортскиот директор на Барселона, Матео Алемани, главниот извршен директор Рафа Јуст и советникот на претседателот Жоан Лапорта – Жорди Кројф.
💣💣 EL UNITED en Barcelona 💣💣
El CEO y el director de futbol se han reunido con el FCB ( Mateu Alemany, Rafa Yuste y Jordi Cruyff ) #mercato @JijantesFC @juliclaramunt @monfortcarlos @CarlosOdriguez 👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/0G3e19Zwzk
— Gerard Romero (@gerardromero) July 11, 2022
Токму на неа двете страни си подадоа рака, но од публикациите не е јасно дали и на кој начин ќе се реши проблемот со долгот кон Де Јонг од околу 17 милиони фунти од неговиот сегашен клуб. Во информациите конкретно се споменува дека самиот играч од средниот ред се уште не дал „зелено светло“ за трансферот, иако од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат да ја завршат зделката до крајот на неделата.
Во извештајот конкретно се споменува дека самиот играч од средниот ред допрва треба да даде „зелено светло“ за трансферот, иако двете страни вложуваат максимални напори да го убедат, а од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат да ја завршат зделката до крајот на неделата.