Власта да се откаже од туркање на анационалниот предлог, бараат од опозицијата

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Народот не прифаќа бугаризација, власта да се откаже од туркање на анационалниот предлог, бараат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„Предлогот на Ковачевски не ја води Македонија напред. Државата ќе тоне затоа што нема да напредува според Копенхашките критериуми, туку според уцените за бугаризација, кои се со цел целосна асимилација на народот.

Академската заедница, новинарите, колумнистите, целата јавност се против предлогот, само Ковачевски и власта се за.

Ковачевски да не се плаши, и да го отфрли предлогот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ништо што е спротивно на македонските национални интереси, затоа во 19 часот да излеземе на протест пред Влада, потоа продолжуваме со марш по мостот Гоце Делчев, преку зградата на МНР до Собранието. Повикуваме на мирно и достоинствено протестирање. Да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ – БЛАГОДАРАМ“, додаваат од опозициската партија.

Слични содржини