Османи разговарал со Дендијас: Грчките служби ќе продолжат со потрагата по исчезнатиот Македонец

од Nikola Popovski
229 прегледи

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи попладнево остварил телефонски разговор со неговиот грчки колега, Никос Дендијас околу потрагата по третиот Македонец кој исчезна во водите на Егејското Море на Халкидики.

Османи информира дека и покрај изминувањето на редовниот рок согласно грчките закони, донесена е одлука грчките надлежни служби да продолжат со потрагата по исчезнатото момче.

-Упатив благодарност за оваа одлука, како и за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата, стои во објавата на министерот.

Изминува четвртиот ден како се трага по исчезнатиот Мартин Јовановски, кој во саботата за време на посетата на плажата во Посиди, Грција, бил одвлечен од силната морска струја.

Слични содржини