Законодавство на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик, поголема заштита за идентитетот нема, тврди Ковачевски

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Со отпочнувањето на преговорите, целосното законодавство на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик, поголема потврда и заштита на важното идентитетско прашање од ова нема, вели во интревју за МИА, премиерот Димитар Ковачевски.

„Со отпочнувањето на преговорите, целосното законодавство на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик. Секој искажан или напишан збор, ќе биде кажан и напишан и на македонски јазик. Поголема потврда и заштита за важно идентитетско прашање од ова нема. Со ова се затвора еднаш за секогаш темата со идентитетот.“ вели премиерот.

Ковачевски очекува плодна и суштина дискусија во Собранието за одлуката околу последниот европски предлог.

„За одлуката во Собранието, очекувам плодна и суштинска дискусија. Очекувам дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата која е пред нив и дека ќе размислуваат државнички и трезвено, како им доликува , како претставници на народот а не само на политичките партии“, додава тој.