Кривична за Македонката која го остави детето во прегреан автомобил во Хрватска

од Nikola Popovski
191 прегледи

Полицијата во хрватскиот град Пула спроведе кривична истрага против 28-годишната државјанка на Северна Македонија поради сомнение дека сторил кривично дело повреда на правата на дете и најави поднесување кривична пријава.

Полицијата утврдила дека таа вчера околу 15 минути го оставила детето во заклучен автомобил БМВ со риечки регистарски таблички, со што, велат, грубо ги нарушила правата на детето.

Детето во заклучениот автомобил го забележал граѓанин кој ја известил полицијата, која дошла на местото на настанот, ја отворила вратата од автомобилот и го извадила детето.

Поради изложување на високи температури во затворен простор, на детето му била укажана лекарска помош, по што било отпуштено од болницата во Пула.

Полицијата против осомничената ќе поднесе кривична пријава до надлежното државно обвинителство, соопшти истарската полиција.

Полицијата уште еднаш предупреди на опасноста од изложување на децата на сонце и високи температури во возилото.

Слични содржини