189
За време на десетиот протест против францускиот предлог, беше поставен транспарент пред зградата на Владата. На транспарентот беа прикажани премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, со зборовите „предавници“.
Пред да биде покажан транспарентот, тројца млади со маски на споменатите функционери седеа на маса и потпишуваа листови хартија.
Во еден момент, младите ги тргнаа маските, под кои имаше други маски со бугарското знаме.
Протестите против францускиот предлог се поддржани од опизициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.