Извештајот што го чекаа вознемирените туристи ширум светот конечно е тука. Комитетот од проректоратот на Црвеното Море и Здружението за заштита на животната средина во Хургада објаснија како дошло до двете неодамнешни трагедии, кога истата ајкула уби две жени во популарното одморалиште.

Истрагата на Комитетот и Здружението (HEPCA) беше спроведена набргу откако две жени – едната по потекло од Австрија, другата од Романија, починаа откако беа нападнати од ајкула.

Локалните власти на неколку дена ги затворија ризичните плажи, а набргу потоа беше објавено дека се работи за истата ајкула.

Според сега објавениот извештај, манијакалното однесување и честите напади на ајкулата се случиле поради сезоната на парење на ајкулите.

Сезоната трае од средината на април до крајот на јули, а тоа е кога ајкулите ги несат јајцата и се пораздразливи од вообичаено.

Покрај тоа, забележан е прекумерен риболов и нуркање во областите каде што се случија нападите, поради што морските животни бараат нови места за хранење во плиткото.

За да се спречат идни напади, експертите препорачуваат да се прекине рекреативниот риболов и активностите за нуркање да се ограничат само под надзор на лиценцирани водичи. Ќе се изработи и сеопфатен план за заштита на морскиот свет.

Слични содржини