ВМРО-ДПМНЕ ја пречека претседателката на ЕК, Фон дер Лејен со транспаренти во Собранието на РСМ.
Облечени во маички „НЕ“, со транспаренти на кои пишуваше „Ултиматум НЕ благодарам“, „Да за ЕУ, не за асимилација“,„Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна“, „Ние сме Македонци не бугари“, „Нема иднина без историја“, „Македонија не е на продажба“, „СДСМ предавници на народот“ итн. пратениците од опозицијата го пропратија цел говор на Фон дер Лејен.
Тие не се обидоа да го прекинат нејзиниот говор, туку само ги кренаа транспарентите покажувајќи несогласување со предлогот на француското претседателство со ЕУ, со кој би требало да отпочне процесот на преговори за членство во Унијата.
Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев во еден момент со доближи до говорницата поставувајќи го транспарентот пред шефицата на ЕК.