Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека забележала сериозни алергиски реакции како потенцијални несакани ефекти од вакцината против коронавирусот на фармацевтската компанија „Новавакс“.
Вакцината беше одобрена од американските регулатори вчера, а нејзината етикета на производот во САД предупредува да не се дава вакцина на луѓе со историја на алергиски реакции на која било компонента од вакцината, пренесува „Ројтерс“.
ЕМА наведува дека ќе ги ажурира и информациите за производот за вакцината за да додаде необична или намалена иритација на кожата како нов несакан ефект.
Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), само 250.000 дози од вакцината на „Новавакс“, Нуваксовид, се администрирани во Европа од нејзиното лансирање во декември.