231
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, денеска во Подгорица најави отпочнување на механизам за брз одговор на заканите со цел да се зајакне отпорот на Западен Балкан на сајбер нападите.
Борел на прес-конференцијата одржана по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Црна Гора рече дека станува збор за механизам вреден пет милиони евра, кој е наменет за Западен Балкан.
Шефот на европската дипломатија наведува дека овие средства треба да ја зголемат отпорноста на земјите од Западен Балкан во спротивставување на сајбер напади, манипулации со информации и слично.