За време на говорот на премиерот Димитар Ковачевски на седницата за разгледување на францускиот предлог, голем дел од опозициските пратеници го исвиркуваат со вувузели и свирчиња и го попречуваат во неговото обраќање.
Во моментов има голема бучава и врева.
Како и кога говореше претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, така и сега пратениците од опозицијата држеа транспаренти со порака за неприфаќање на францускиот предлог.