Амбасадата на САД ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Соединетите Американски Држави синоќа ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина.

„Безбедносната ситуација низ Украина останува брутална и непредвидлива поради континуираните напади од Русија, активните непријателства во земјата и неизвесните безбедносни услови. Амбасадата на САД ги повикува своите граѓани да не влегуваат во Украина, а оние кои се во Украина веднаш да ја напуштат, користејќи приватен превоз по копно доколку тоа е безбедно“, се вели во соопштението на американската амбасада во Киев.

Амбасадата, исто така, бара од Американците да избегнуваат масовни собири и организирани настани, бидејќи тие би можеле да станат цел на руската војска каде било во Украина, вклучително и западните региони.

Слични содржини