Протекоа ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ од колежот во Зоолошка

од Vladimir Zorba
375 прегледи

На социјалните мрежии протекоа вознемирувачки фотографии од колежот кој се случи во Зоолошката градина во Скопје.

Потоци од крв низ дворот на импровизираната кланица, исечени бутови од коњи, нафрлано месо на куп се гледа на фотографиите.

На фотографиите се гледа и алат со кој „касапите“ од зоолошка се служеле за да ги убијат и расечат коњите.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спровеле вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни.

– Со контролата, утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење, иако истите на зоолошката градина и се отстапени на чување во соодветни услови од страна на Управата за извршување на санкции при КПУ- КПД Идризово, соопштија денеска од АХВ.

Слични содржини