ФОТО: Мечки од скопската ЗОО уживаат на швајцарските Алпи

од Stefanija Kuzmanovska

Пред скоро точно една година, на 21 мај, мечките Мартина и Марко од скопската Зоолошка градина заминаа во раскошниот Ароса парк во Швајцарија. Мечињата се брат и сестра, но тие со години живееја одделно, во две различни живеалишта.

Од скопската Зоолошка градина и здружението Four Paws International лани заеднички одлучија дека најдобро решение за благосостојба на мечките ќе биде да заминат во еден од резерватите на Four Paws во Швајцарија.

На Фејсбук страницата на Four Paws беа објавени најнови фотографии од мечките кои таму добиле нови имиња, односно сега се викаат Сем и Џамила. На фотографиите може да се види како тие уживаат во пролетните денови во природата на Алпите.

Слични содржини