Ивана Трамп делувала „уморно“ и нарачала само мала количина храна во нејзиниот омилен ресторан во Њујорк, неколку часа пред да биде пронајдена мртва на дното од скалите, открива US Sun.
Таа била пронајдена во нејзиниот дом на Менхетен околу 12:40 часот откако некој се јавил на 911.
Ивана (73), поранешна сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и мајка на неговите три најстари деца, токму вчера го посетила својот омилен ресторан „Altesi Ristorante“, кој се наоѓа на само неколку метри од нејзиниот стан на Апер Ист Сајд.
Таа беше чест посетител на италијанскиот ресторан и се чинеше расположена, иако малку уморна кога дојде, изјави низ солзи сопственикот на Altesia, Паоло Алавиан, за US Sun.
-Како и секогаш ме прашуваше како сум, секогаш не поздравуваше, и имавме крајно нормален разговор, таков каков што имав со неа секогаш кога доаѓаше – рекол сопственикот на ресторанот.
Делуваше здрава, можеби изгледаше малку уморно, но инаку изгледаше добро – додал тој.
Алавиан рече дека не може да се сети што порачала Ивана, но го опиша нејзиниот оброк како „многу, многу мал“ во однос на количината на храна.
– Во моментов сум малку во шок. Немам поим што се случи. Видовме дека нешто се случува пред нејзиниот стан. Таа беше одлично човечко суштество, беше навистина, навистина добра личност. Сето ова е многу емотивно за мене во моментов… Таа беше мајка на сите овде – додаде Алавиан.