Не се препорачуваат дополнителни рестриктивни мерки и се апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје е епилогот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој се разгледуваше актуелната епидемиолошка состојба во земјата.
Според КЗБ, Македонија и натаму е во зелената зона, па оттаму не се препорачуваат дополнителни рестриктивни мерки. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто.
КЗБ препорачува до граѓаните да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.
Комисијата препорача и двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно.
Според последниот ковид-биланс, направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на корона.