Николоски: Јас не сум од вчера во Собранието, но верувајте вакво понижување не сум видел

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Еве трет ден дебата за можеби една од најбитните и најсуштински работи за која што македонското Собрание дискутирало во оваа сала од прогласувањето на независност до денес, изјави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на третиот ден од дебатата за францускиот предлог.

„Не го потценувајте народот, многу е попаметен и до што мислите и од што ќе ви каже, и од што чувствувате. И кога ќе се видите на улица ви се насмее, во суштина во себе го има гневот и ве пцуе длабоко во себе, затоа што знае што правите. Народот знае каде ја водите работата. Да бидете свесни за таа работа“, порача Николоски.

Јас не сум од вчера во Собранието, додаде тој, истакнувајќи дека „вакво понижување не видел, ниту верувал дека ќе види“.

Тој потсети дека не е од вчера во Собранието.

„Јас не сум од вчера во Собранието, сум видел и власт и опозиција. Но, верувајте вакво понижување не сум видел, ниту сум верувал дека ќе видам било кога. Кога почнав како средношколец да се занимавам со јавна работа, а од мојата 20-та година со политика, ни на крај памет не ми беше дека во македонското Собрание владејачката структура и владејачката коалиција, значи доминантна структура ќе зборува за тоа дека треба да ја ретушираме историјата, дека треба да ги згазиме гробовите на предците, дека треба да им поплукаме на сета жртва и на сите маки кои што ги виделе”, нагласи пратеникот.

Николоски запраша зошто ова го направи власта на македонскиот народ.

„Зар ова го направивте за уште еден ден власт, за уште пет тендери во РЕК Битола, за уште десет местенки на едно или друго место, за 100-тина вработувања кои што ќе се поделат на една или на друга позиција, за фин одмор кој што веројатно ќе одите во текот на месец август, и каде што кога ќе седите на плажа ќе си велите добро направивме, а длабоко во себе мислам дека и вие знаете што правите”, рече Николоски.

Слични содржини