190
Северна Македонија не е Украина и Европа не е Русија, за лидерот на опозицијата да излезе на протести со зелена маичка како wannabe Зеленски од АлиЕкспрес, пишува лидерот на ДУИ, АЛи Ахмети на својот Фејсбук профил.
„И, како што се очекуваше, регресивните сили во служба на странските агенди, не успеаја, и граѓаните не ги поддржаа.
Денеска победи Европска Македонија и прогресивните сили, денеска победи соживотот, иднината и надежта.
Честитки, граѓани, честитки за земјава. Нема враќање назад!“, додаде Ахмети.