Левандовски: Никогаш нема да ги заборавам овие 8 години во Минхен

од Vladimir Zorba

Разделувајќи се со Баерн (Минхен), Роберт Левандовски си заминува среќен од германскиот шампион. Тој оди во Барселона откако двата клуба се договорија за неговиот трансфер. Напаѓачот утрово го имаше последниот тренинг со поранешните соиграчи.

„Овие изминати осум години овде беа посебни и никогаш нема да ги заборавам. Поминав одлично во Минхен“, изјави стрелецот за „Скај“.

Сега нема време да се збогува, но вети дека ќе се врати и ќе им каже „збогум“ на сите.

„Наскоро заминувам, но по кампот (со Барса) повторно ќе дојдам да ги поправам работите. Сакам да се поздравам со сите вработени бидејќи сега немав време да се подготвам. Денес само се разделив со момчињата на теренот“, продолжи тој.

Исто така, Лева не требаше да учествува на денешниот тренинг на Баерн, но сепак го направи тоа.

„Не се плашев од можна повреда, бидејќи во основа нешто може да ми се случи дури и додека сум дома. Сакам само да бидам во форма“, заклучи тој.

Слични содржини