Постојаниот известувач во Европскиот парламент за РСМ, Илхан Ќучук, ги поздрави последните случувања во македонскиот и бугарскиот парламент.
Тој смета дека евроинтеграцискиот процес на РСМ нема да биде отежнат со дополнителни проблематизирања од бугарска страна.
„Од интерес на Бугарија е да има сосед кој е во ЕУ. Нема потреба од проблематизирање зошто сето тоа е содржано во европските документи. Европската комисија преку своите процедури дека се што е забележано како идентитет, јазик за Северна Македонија е запазено. Опозицијата треба да реши дали сака РСМ да биде дел од ЕУ и да покаже не само храброст, туку и мудрост во своите ставови и дејства или да остане некаде во полето на сивилото и местото на РСМ во ЕУ да го земе некоја друга држава“, наведе Ќучук.