Барселона преговара со Тотенхем за продажба на Депај

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Барселона напредува во обидот да најде купувач за Холанѓанецот Мемфис Депај.

Локалниот весник „Спорт“ тврди дека Каталонците преговараат со англиски Тотенхем за Депај, кој сепак бил подготвен да понуди околу 17 милиони за играчот кој Барселона го цени на 20 милиони.

Шпанскиот гигант веќе донесе неколку нови засилувања и се обидува да најде нови тимови за играчи кои не се вклопуваат во плановите на главниот тренер Чави Ернандез, но се уште се под договор со клубот.

Самиот Депај претпочита да чека друга опција за својата иднина, бидејќи засега е резервиран за враќање во Премиер лигата.

Холандскиот фудбалер сака да биде во најдобра можна форма за претстојниот Мундијал во Катар во зима.

Слични содржини