Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на Твитер го поздрави денешното потпишување на билатералниот протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија во Софија.
Ова, нагласува еврокомесарот, го отвора патот Чешка, која на први јули го презеде претседателството со ЕУ од Франција, да ги свика првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.
„Го поздравувам билатералниот протокол потпишан помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Ова го отвора патот чешкото претседателство да ги свика првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Европа оди напред!“,напиша Вархеји во пораката на Твитер.
I welcome the Bilateral Protocol signed between Bulgaria and North Macedonia. This paves the way for the #CZPRES to convene the 1st IGC for North Macedonia and Albania to open accession negotiations with the EU. Europe moves forward! #StrongerTogether 🇲🇰🇪🇺🇦🇱
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) July 17, 2022