Убеден сум дека албанските опозициски партнери и останатите немнозински етнички заедници минус македонската, ќе успеат да имаат бадентерово мнозинство и тие ќе бидат дел од новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави вечерва лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски на прашање дали би влегол во идна коалиција со ДУИ.
– Така што не зависи тоа од мене, но ако ме прашате дали сакам, јас ќе ви кажам не сакам. Не сакам да бидам со тие луѓе што 20 години прават штета врз институциите и системот, а ова раководство на ДУИ остави трајна штета во колективната меморија на македонскиот народ, коалицирајќи со Бугарите, за да можат да не асимилираат нас како Македонци, вели тој.