147
На почетокот на годината, екипата на Барселона имала договор со напаѓачот Душан Влаховиќ и крилниот напаѓач Луис Дијаз за нивните трансфери на Камп Ноу, тврди популарниот шпански новинар Жерар Ромеро.
Сепак, и двата договори пропаднаа поради финансискиот фер-плеј на Ла Лига и локалното правило 3+1, според кое клуб кој не ги исполнува условите за плата може да инвестира само 1 евро за секои заштедени 3 евра.
На крајот во јануарскиот преоден рок Влаховиќ од Фиорентина се пресели во Јувентус за 70+10 милиони евра, а Дијаз беше купен од Ливерпул кој на Порто му плати 47 милиони евра.