Голем скандал ги тресе редовите на македонскиот шампион Шкупи, пред најважниот натпревар сезонава против Динамо Загреб во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите!
Порталот „Спорт медиа“ јавува дека двајцата фудбалери Сандеј Адетуњџи и Фаустин Сенгор ноќта меѓу саботата и неделата биле на ноќно излегување и дека во таа прилика биле претепани.
Споменатите фудбалери наводно биле во еден од познатите ноќни клубови и таму се однесувале недолично кон девојки, за потоа да бидат претепани од обезбедувањето на локалот.
Со видливи рани на лицето дошле на тренинг во недела, а се дознава дека сепак ќе патуваат во Загреб на натпреварот – и покрај тоа што ја прекршиле клупската дисциплина и биле надвор по 22 часот.
Дуелот меѓу Динамо и Шкупиј е закажан за вторник од 21 часот, а оваа двојка денеска од 12 часот ќе се соочи со потенцијален ривал во 3. коло.
Можни ривали се: Лудогорец – Шамрок, Аполон Лимасол, Ференцварош – Слован Братислава.