Левандовски во Барса: Тимот се врати во игра и јас сум тука да помогнам

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Новиот играч на Барселона Роберт Левандовски се приклучи на својот нов тим, кој моментално е во САД на турнеја. Пред неколку часа, поранешниот напаѓач на Баерн (Минхен) се појави во кампот на тимот во Мајами и го даде своето прво интервју на плажа облечен во каталонско руво.

„Конечно, тука сум и многу сум среќен“, изјави Полјакот за клупскиот ТВ канал.
– Последните неколку дена беа многу долги, но на крајот зделката стана факт и сега можам да се фокусирам на нова фаза од мојот живот. Јас сум човек кој секогаш сака да победува – и не само натпревари, туку и трофеи. Се надевам дека ќе освоиме титули со Барса“.

„Отсекогаш сакав да играм во Ла Лига и во толку голем клуб – продолжи Левандовски. – Оваа можност што се појави е предизвик и за мојот личен живот. Знам дека Барселона се врати во игра и јас сум тука да му помогнам на тимот да стигне до врвот и да освои што повеќе трофеи“.

„Разговарав со Чави од почетокот и ми беше лесно да се одлучам да дојдам во Барселона. Тој одлично знае како да го води тимот, бидејќи беше феноменален фудбалер, а сега е и добар тренер. Пред него е голема иднина и сакам да бидам дел од неа“, заклучи Полјакот.

На американско тло, Шпанците ќе одиграат четири натпревари: против Интер (Мајами) (20 јули), Реал Мадрид (24 јули), Јувентус (27 јули) и Њујорк Ред Булс (31 јули).

Слични содржини