Баерн се договори со Де Лихт

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Баерн (Минхен) е се поблиску до потписот на холандскиот дефанзивец Матаис де Лихт.

Дефанзивецот сака да го напушти Јувентус, а за него интерес покажа и англиски Челзи. Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Де Лихт веќе ги разјаснил своите лични услови со Баерн, а се очекува договор меѓу двата клуба.

На почетокот на неделата, спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ беше во Торино на разговори со шефовите на Јувентус и претставниците на играчот. „Бјанконерите“ бараат околу 90 милиони за репрезентативецот на Холандија.

Според goal.com, двата клуба постигнале договор за 70 милиони евра плус уште 10 бонуси за настапот на холандскиот интернационалец.

Де Лихт му се приклучи на Јувентус од Ајакс во 2019 година. Со тимот на Торино освои три трофеи – титулата во Серија „А“, Копа Италија и Суперкупот на Италија.

Слични содржини