Мицкоски: Се уште трае анализата околу референдум, ние сме сериозни луѓе

од Nikola Popovski
152 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека се уште трае анализата околу собирањето потписи за референдум против уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот.

-Ние сме сериозни луѓе, ова се сериозни работи и кога ќе излеземе пред граѓаните со одредено барање, треба да биде темелено на факти и да немаме простор за дополнителни толкувања. Во периодот што следи ќе се консултирам со експерти од оваа област и уставното право, за д ајасно го дефинираме прашањето и методологијата со која ќе излезмее пред граѓаните. Процесот на билатерални преговори и протоколи со Бугарија е еден процес, а процесот на вклучување на дел од бугарскиот народ и менување на Уставот во преамбулата е друг процес, додаде Мицкоски.

Тој вчера најави дека се планира собирање 150.000 потписи за свикување референдум против отворање на Уставот и внесување на бугарскиот народ во нормативниот дел од преамбулата.