С. Македонија природно, вредносно и цивилизациски припаѓа во европското семејство, вели Ковачевски

од Берта Китинска
144 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и Претседателот на Владата на Албанија Еди Рама, утрово во Брисел имаа заеднички состанок со Претседателката на европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и со премиерот на Чешка Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство.

„Северна Македонија природно, вредносно и цивилизациски припаѓа во европското семејство. Нашето место е во Европската Унија. Ние досега многупати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија и за земјите членки и така и продолжуваме да работиме и функционираме во иднина. Затоа и очекувам да имаме позитивен пример за најбрза интеграција на земја членка во ЕУ исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО. Ние сме подготвени за ЕУ!