Ковачевски: Ова ќе биде одличен ден, историски, ден на кој ќе се гордееме

од Берта Китинска
127 прегледи

Денес конечно, по 17 години чекање ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски по прес-конференцијата во Брисел.

-Искрено се радувам, заедно со граѓаните на ова денешно добредојде од Европската Унија. Ова ќе биде одличен ден, историски, ден на кој ќе се гордееме и кој ќе нѝ обезбеди сигурна, безбедна и европска иднина, напиша Ковачевски.