Ковачевски: Одлуките на Глигоров, Кљусев, Црвенковски, Трајковски, Заев не доведоа до овој историски ден

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Ова е историски ден и секоја држава во своето постоење има вакви денови. Затоа при влегувањето во зградата, пред почетокот на првата меѓувладина конференција споменав и други такви моменти. С.Македонија, и Македонија пред тоа, носела вакви големи историски одлуки во времето на Киро Глигоров, на Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, во времето на Борис Трајковски, голема историска одлука се донесе од страна на владата на Зоран Заев…државата одеше напред, затоа ние сме денес демократско општество, каде се почитуваат сите права на граѓаните, без разлика на нивната припадност, по која била основа, изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.

– Заради тие одлуки ние сме денеска членка на НАТО, во виор на војната која се води во Европа, ние сме безбедни членки на најголемиот одбранбен сојуз во светот. Оваа одлука е историска затоа што одиме напред кон втората стратешка цел, а тоа е членство во ЕУ, и тоа е одлука која што ја потврди парламентот со големо мнозинсто на гласови, каде беа вклучени политички партии и од позицијата и од опозицијата, истакна тој.

Слушнавме се и сешто во парламентот, слушнавме недолични зборови од опозицијата, меѓутоа мнозинството граѓани, претставени од свои претставници во Собранието, ја донесоа одлуката со која денес ја имаме првата меѓувладина конференција, а потоа Вицепремиерот Маричиќ и неговиот тим од Владата ќе го почне скрининг процесот, вели тој.

-Одговорноста е на страната на опозицијата да учествуваат во оваа дебата и понатаму. Кажавте дека ова е прв чекор, ќе има и други чекори до финалното зачленување во ЕУ. Собранието го донесе првиот чекор и Собранието е место каде што ќе треба да биде донесен и другите чекори до финалното зачленување во Унијата. Одговорност на секој политичар е да мисли на државата и на иднината на идните генерации, не смее политичар да мисли само на својот рејтинг и на својата политичка кариера. Се водевме од иднината на државата, од одлука која ќе донесе просперитет за сите граѓани и верувам дека сите пратеници ќе бидат одговорни и во служба на граѓаните. Денес паднаа во вода сите манипулации и шпекулации во вода, истакна премиерот.