Богоев: Македонски јазик во ЕУ

од Nikola Popovski
306 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев објави фотографии од тоа како е применет и заведен македонскиот јазик во ЕУ.

-Официјално! Македонски јазик во ЕУ, напиша Богоев, споделувајќи фотографии.

ЕУ денеска ги одржа првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија во Брисел, со што официјално беа отворени преговорите.

Северна Македонија доби кандидатски статус во 2005 година, по што чекаше до денес, прво поради спорот со Грција за името на државата, а потоа и со Бугарија поради идентитетските прашања и јазикот.

На крајот од првата меѓувладина конференција со ЕУ, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека се отвора ново поглавје во македонската историја.

– Ова е историски ден за нас, долго очекуван и секако заслужен. За овој ден донесовме тешки одлуки кои бараа храброст и мудрост. Ја донесовме конечната одлука и го зачувавме македонскиот идентитет, јазик и култура. Решивме да бидеме одлучни, храбри, мудри и решителни и да не мислиме на себе, туку на следните генерации, рече Ковачевски.

Слични содржини