Премиерот на С. Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама попладнево на заедничкиот коктел после првата меѓувладина конференција, повторно се сретнаа со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.
Премиерот Димитар Ковачевски се заблагодари на комесарот Вархеји и на граѓаните на С. Македонија.
-Ќе покажеме дека како што брзо се интигриравме во НАТО, брзо ќе се интегрираме и во ЕУ, рече Ковачевски пред присутните на заедничкиот коктел.
-Не треба да летаме во воздух, рече премиерот на Албанија на заедничкиот коктел. Тој му се заблагодари на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за неговиот вложен труд од почетокот на мандатот за остварување на целта – почнување на преговори, а потоа и полноправно членство во ЕУ.
Фото: Локално