Владата светна во боите на ЕУ

од Nikola Popovski
156 прегледи

Покрај зградата на Министерството за надворешни работи, вечерва во боите на Европската Унија (ЕУ) светна и зградата на Владата на булевар „Илинденска“.

Од Владата додаваат дека ова се должи поради тоа што „денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја“.

-Ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас. Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Северна Македонија во ЕУ. Нека ни е честито на сите!, стои во објавата на Владата.

Претходно шефот на македонската дипломатија Бујар Османи потенцира дека зградата на МНР е обоена во боите на ЕУ.

Слични содржини