ЕУ потврди дека цените, а не платите ја поттикнуваат инфлацијата. Европската комисија го поддржа ставот на синдикатите дека растот на цените, особено на енергетиката, е примарен двигател на инфлацијата, а не зголемувањето на платите, велат од Сојузот на Синдикати на Македонија.
ССМ ја потсетуваат Владата дека нивните братски синдикати Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати со своите 250 милиони членови застанаа зад ССМ и барањата на работниците и дека истата е должна да го почитува ставот на Европската комисија и веднаш треба да го прифати егзистенцијалното барање на работниците и ССМ за потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и веднаш да ги зголеми односно усогласи платите на работниците во јавниот сектор за 2806 денари согласно зголемувањето на минималната плата и да има во предвид дека европските вредности се покажуваат на дело, а не со зборови.
-Во летната економска прогноза на Еропската комисија беше потврдено дека руската инвазија на Украина изврши дополнителен притисок врз растот на цените на енергијата и храната, што ја намали куповната моќ на граѓаните.
Зависноста од руските фосилни горива ја прави економијата на Европската унија особено чувствителна, а се очекува дека во остатокот од годината економската активност ќе се намали, економијата на ЕУ ќе се прошири, но со многу побавно темпо отколку што се очекуваше во прогнозата за пролет 2022 година. Ова доаѓа откако Европската централна банка потврди дека „многу фирми би можеле да ги прошират своите профити, што честопати имплицира дека потрошувачите, наместо акционерите, го сносиле најголемиот дел од инфлацискиот шок“. Бројките на Евростат, исто така, покажуваат дека европските компании го зголемиле својот удел во профитот од почетокот на пандемијата, стои меѓу другото во соопштението на ССМ.