Граѓаните не треба да губат надеж, бидејќи работата не е завршена, браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Парламентот. Ковачевски, Маричиќ и Османи можат се да прават, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и народот нема да им дозволат, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.
Според него, „Генчовска кажа и интелектуалните кругови во Бугарија кажале што подразбираат под Договорот – тие се внатре, ние надвор“.
-Среќа што не ја дозавршија работата и среќа што не беше отворен Уставот. Ако беше така, ќе дојдеше до мат за македонскиот идентитет, рече Мицкоски.
Претседателот на најголемата опозициска партија уверува дека со сигурност нема да дозволат отворање на Уставот.
-Ви ветувам дека нема да се случи грешка како со отворањето на Уставот за Преспанскиот договор и менување на името. За ставот на Вархеји го почитувам, но се надевам и дека тој го почитува мојот став дека Македонија и народот дадоа премногу за тие европски вредности. Многу работи ни се случија со насила, кажа Мицкоски во своето обраќање од општина Бутел.