Сорбе од лубеница

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Ледено уживање за топлите летни денови.

Состојки:

– 1 шолја лубеница исечкана на коцки

– 1 зрела банана

– кафеав шеќер, по вкус

– листови од нане

Подготовка:

Коцките лубеница ставете ги на плех покриен со хартија за печење или на поголема површина во еден ред, за да не се преклопуваат коцките лубеница, па замрзнете ги.

Исечете ја бананата на прстени и исто така замрзнете во еден ред.

Замрзнатата лубеница и банана ставете ги во блендер или процесор за храна и сомелете ги до кремаста текстура.

Кога ќе добиете крем сличен на омекнат сладолед, додадете шеќер и кратко измешајте.

Можете да послужите веднаш или да префрлите во длабок калап, израмнете и замрзнете уште час или два. Ова ќе ви ја даде најдобрата текстура.

Послужете во чинии украсени со листови нане.

На здравје!

Слични содржини