АМСМ: На „Богородица“ се чека до 40 минути, на „Табановце“ до еден час

од Nikola Popovski
190 прегледи

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјата се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица околу 30 до 40 минути.

Како што соопштуваат од АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини