Де Бруин му ја донесе првата победа на Манчестер Сити во САД

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Манчестер Сити забележа прва победа на претсезонскиот камп. Шампионот на Англија славеше со 2:1 над Мексиканска Америка. Натпреварот е дел од турнејата на „граѓаните“ во САД и се одигра на „НРГ стадионот“ во Хјустон.

Двата гола за граѓаните ги постигна Кевин де Бруин.

Ѕвездата на Сити, Ерлинг Халанд, го следеше натпреварот од клупата, но не се појави на теренот, а нападот на овој натпревар го водеше новото засилување Џулијан Алварез, кој во второто полувреме беше заменет со младиот Лиам Делуп.

Така „граѓаните“ успешно ги започнаа летните подготовки. Сепак, следната контрола е многу посериозна, бидејќи ќе биде со Баерн (Минхен) на 24 јули.

Слични содржини