Харден потпиша 2-годишен договор со Филаделфија вреден 68,6 милиони долари

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Бекот Џејмс Харден се согласи на нов двегодишен договор вреден 68,6 милиони долари со Филаделфија 76ерс, објави ЕСПН.

Договорот предвидува Харден да добие 35,6 милиони долари во втората година. Доколку ја одбие таа можност, следното лето ќе стане слободен агент. Претходно Џејмс Харден одби едногодишен договор со Филаделфија вреден 47,3 милиони долари.

10-кратниот Ол-стар играше на крајот од минатата сезона во Филаделфија, каде што се приклучи од Бруклин Нетс во февруари. На 21 од 76 натпревари во регуларниот дел од сезоната, тој имаше просек од 21 поен, 7,1 скок и 10,5 асистенции. 32-годишниот Харден играше и за Оклахома Сити Тандер и Хјустон Рокетс.

Тој одигра 942 натпревари во Националната кошаркарска лига во изминатите 13 сезони. Во Хјустон Рокетс три пати по ред беше најдобар стрелец во НБА во периодот 2018-2020 година.

Слични содржини