Манчестер Јунајтед го следи дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис како потенцијална замена за Арон Ван-Бисака. Иднината на 24-годишниот Англичанец останува нејасна, а новиот менаџер Ерик тен Хаг не е сигурен дали на него ќе се смета за новата сезона. Тренерот повеќе би сакал во својот тим да го има неговиот поранешен миленик Дензел Дамфрис, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.
„Манчестер Јунајтед ќе потпише нов десен бек доколку Ван-Бисака замине. Тен Хаг моментално ги проценува неговите квалитети, како и другите играчи за време на претсезоната. Колку што знам Диого Далот останува во плановите на менаџерот, на кого му се допаѓаат неговите квалитети. И покрај гласините, Џонатан Клаус никогаш не бил во плановите на Јунајтед и тој исто така наскоро ќе потпише за Олимпик Марсеј. Дензел Дамфрис е миленик на Хаг, но не се водени разговори со Интер“, откри Романо за CaughtOffside.
Дамфрис (26) му се приклучи на Интер пред само една година, импресионирајќи во својата прва сезона на Сан Сиро, забележувајќи 45 настапи, 5 гола и 7 асистенции. „Нероазурите“ сигурно нема лесно да се разделат со него и ќе мора да добијат некаква неодолива понуда за да го дадат на „Олд Трафорд“.
Во моментов пазарната цена на холандскиот интернационалец е 25 милиони евра.