СДСМ бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да им се „извини на граѓаните за сите лаги, што хистерично ги ширеше изминатиот период помогнат од неговиот проруски партнер Димитар Апасиев“.
-Како предводник на антиевроската коалиција го лажеше народот дека претстои асимилација, бугаризација, дека некој ќе ни го земе идентитетот, дека јазикот не ни е заштитен, хушкаше и клеветеше, велат од СДСМ.
-Сите невистини му потонаа, потенцираат од владеачката партија и додаваат: „Поразени се деструкциите и антиевропските делувања на Мицкоски. Не му успеаја опасните сценарија за дестабилизација на државата и предизвикување етнички конфликти, не успеа да го блокира европскиот пат на државата“.
СДСМ е децидна дека Република Северна Македонија ги започна преговорите за членство во Европската унија, со заштитен јазик, идентитет, култура.
-Во ЕУ влегуваме како Македонци, со македонски јазик, со чиста формулација без фусноти и ѕвездички. Европската иднина на државата и на граѓаните е обезбедена, се наведува во соопштението на владеачката партија.