229
Одлична каша за појадок.
Состојки:
– 4 лажици овесни снегулки
– 1 лажица ленено семе
– 2 dl млеко
– ситно сечкани лешници или бадеми
– цимет, по желба.
Подготовка:
Истурете врело млеко врз овесните снегулки и лененото семе и оставете да отстои околу 15 минути.
Кога млекото малку ќе се олади, додадете цимет, измешајте и посипете со сечканите лешници или бадеми.