ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум: „Ветија и излажаа дека македонскиот јазик е гарантиран“

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно и во целост ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб.

Опозициската партија најави дека во следниот период ќе се одржат широки консултации по кои ќе биде формулирано и референдумското прашање.

– Народот ќе се спротистави на ваквото анти-македонско делување на Владата и предавството на националните и државните интереси. ИК воедно посочува дека на површина излегоа сите лаги на Владата поврзани со овој процес. Ветија и излажаа дека историските процеси не се дел од овој процес, ветија и излажаа дека македонскиот јазик е гарантиран, но во исто време кога Бугарија испрати декларација за негирање на македонскиот јазик и кога Владата испрати скандалозен текст во Брисел, ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а само почнаа за Албанија. За Македонија не се почнати преговорите, изјави Сајковки.

Слични содржини